Дејан Георгиевски го совлада олмпискиот шампион Исаев и го освои златниот медал на „Турција опен“ (ФОТО)

Дејан Георгиевски го победи актуелниот олимписки шампион Радик Исаев одс Азербејџан за златниот медал на Меѓународниот таеквондо турнир од серијта Г-1 „Турција опен“ во Анталија. Георгиевски имаше целосна доминација, со што ја замолчи салата.

Георгиевски освои златен медал на еден од најсилните турнири во светот Светскиот куп со пет борби и пет победи во еден ден и тоа против:
-Чихат Сатилмис од Турција – технички нокаут
-Мухамет – Емин Турција – технички нокаут
-Џонтан Хејли САД- 14-7
-Стефен Ламбдин САД – технички нокаут
-Финале Радик Исаев од Азербејџан – 16-8

„Одлични настапи имаа и останатите репрезенатитвци, од кои некои и изгубија во борби за медал. Овој медал го посветуваме на настраданите во големата сообраќајна несреќа кај Ласакрци. Ова е показател дека Македонија може да биде подобра од најдобрите! Ова се нови бодови на светската листа и силен чекор до норма за Олимписките игри во Токио 2020“, велат од нашата репрезентација.

Резултати

Сениори
-62 кг
Анамарија Георгеивска – Сејма Окулеви (Турција)
Анамарија Георгеивска – Калудија Галардо (Чиле)
Анамарија Георгеивска – Марта Гомез (Шпанија) пораз ¼ финале

Јуниори
59 кг
Марко Аврамовски – Руслан Хабаров (Казахстан) 20-17
Марко Аврамовски – Абдулах Шишмек (Турција) 2-0 (СДП)
Марко Аврамовски – Ферат Килиџ (Турција) 17-24 ¼ финале

-68 кг
Филип Стаменов – Бајрам Топлу (Турција) 12-9
Филип Стаменов – Халил Џакир (Турција) 8-7
Филип Стаменов – Антон Овчаров (Русија) 4-15 ¼ финале

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON