Дејан Богданов, еден од најдобрите борачи во Македонија, нема да учествува на Светското првенство во Лас Вегас. Тој беше на подготовки со репрезентацијата, но во последен момент „исчезна“ од списокот за СП.
„Тоа е точно. Бев на подготовки со репрезентацијата, но на завршните подготовки во Радовиш ми рекоа да си заминам дома. Причините не ми ги кажаа. И новиот претседател на ФБСМ, д-р Ванчо Чифлиганец, беше изненаден, но не можеше ништо да стори оти визите за САД беа извадени. Не бев заштитен од функционерите на Балканец во ФБСМ. Дури за подготовките на ЕП во Азербејџан од мојот џеб ги платив трошоците во Бугарија. Јас сум подготвен да го преземам Балканец со чисти сметки. И борачите реагираат на ваквата состојба во клубот, бидејќи не добиле хранарини подолго време. Сметам дека Балканец ќе биде стариот клуб, но со нови лица, бизнисмени, кои ќе сакаат да му помогнат.. Вака повеќе не оди. Денес јас сум ликвидиран од репрезентацијата, за која сум дал многу, утре некој друг. Нашите претставници во ФБСМ ги гледаат само своите интереси“, – вели Дејан Богданов.
ipon.mk/К.М.