Легендата на боксот Оскар де ла Хоја објави кога има намера да се врати во рингот.
48-годишната ѕвезда ја заврши кариерата во 2008 година со пораз од Мани Пакијао, но веќе неколку месеци се подготвуваше за нов меч. Желбата на Де ла Хоја таа е да се одржи во текот на летото, а со голема веројатност тоа ќе се случи на 4 јули. „Голден бој“ ја поврза својата одлука со коментарот на американскиот претседател Џо Бајден дека мерките за борба против коронавирусот во САД можат да бидат релаксирани за националниот празник.
„Зборуваме за вистински натпревар. Ми недостасува да бидам во рингот. Сакам бокс. Тој ми даде сè што имам денес, а едноставно ми недостасува. Нешто што претседателот Бајден рече, ми се остана во главата. Дека Америка може официјално да се отвори на 4 јули. Можеби ќе се борам за викендот на 4 јули. Ќе видиме. Ова е одличен датум. Ќе ја продолжиме традицијата со „Синко де Мајо“ (5 мај – датум на кој Мексиканците ја слават победата над француската армија во 1862 година – н.з.). Зошто не на роденденот на Америка“, рече Де ла Хоја.