Една од големите легенди на боксот – Оскар де ла Хоја рече дека не е подготвен да ја заврши кариерата во 2008 година. Поранешниот светски шампион во 6 различни категории тежина ќе се врати на рингот на 11 септември.
Иако веќе има 48 години, тој изрази подготвеност да се обиде да ја продолжи кариерата. И неговата прва пречка е поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Витор Белфорт. Тие ќе се сретнат во Стејплс центарот во Лос Анџелес,меч кој да биде нешто повеќе од демонстративна борба.
„Голден бој“ Де ла Хоја се повлече од рингот пред 13 години откако загуби од Мани Пакијао.
„Викајте ме луд, но едноставно ми недостасуваше. Ми недостасува да бидам удрен и да удирам. Не бев подготвен да се пензионирам откако загубив од Мани. Никогаш не сум почувствувал дека завршив со боксот. За мене возраста не е важна, туку како се чувствувам“, вели легендата.
Тој признава дека во текот на годините на „пензија“ држел многу лош режим, но ова е во минатото.
„Отидов во пеколот, но се вратив. Го третирав ужасно моето тело, но во последните шест месеци се чувствував неверојатно. Го вратив фокусот на вистинските работи и се вратив на она што го сакам. Го правам ова за себе и едвај чекам“, изјави Голден Бој.
Легендата никогаш не боксирал над средната категорија, но сега ќе оди многу подалеку со подигнување на границата до полутешка категорија.
„Ме сметаат за аутсајдер, бидејќи не веруваат дека сум посветен на процесот. Не сум коцкар, но би се обложил со огромна сума на себе. Ќе изненадам многу луѓе со формата во која ќе бидам“, додаде Де ла Хоја.