Давид Крстевски херојски до бронзениот медал на Европското таеквондо ИТФ првенство

Давид Крстески (-63 кг) осовои бронзен медал во спаринг борби за јуниори (16-17 год.) на Европското таеквондо ИТФ првенство во Копер, Словенија.

Во борбата за медал Крстески доминантно ги победи претстваниците на Англија и Бугарија, со што се пласира во полуфинале, а таму се бореше со вториот претставник на Бугарија.

„Со водствово текот на целата  борба, но на 10 секунди до крајот судиите направија пресврт и му ја одзедоа шансата за сребрен или златен медал на нашиот претставник“, вели претседателот на Македонската традиционална такевондо федерација Марјанчо Лазаревски и додава:

„Давид Крстески беше пофален од сите што ги гледаа неговите борби и многу од нив кажаа дека во него гледаат иден светски шампион, поради неговата смиренсот, дисциплина и техника“.

Македонската традиционална таеквондо федерација од 15-ти до 22-ри април на ЕП настапи со шест натпреварувачи. На ЕП учествуваа над 1000 натпреварувачи од 34 земји.

Од таборот на нашата репрезентација истакнуваат дека на ЕП доминарала пристрасноста на судиите во корист на големите репрезентации.

„Ова беше најтешкото Европско првенство на кое имаме учествувано досега, бидејќи од старт бевме оштетени од жрепките , без право на приговор и корекција“, вели Лазаревски.

„Христијана Парулеска нашата минатогодишна Европска шампионка ги победи претсавничките на БиХ и Англија, додека во четвртфинале со натпреварувчката од Германија ја загуби борбата поради неочекувани женски проблеми. Елена Јанеска, исто како минатата година, за жал, не успеа да ги победи судиите. Ова и е трет последователен натпревар од ваков калибар да губи од судиите. Владимир Димитриевиќ, покрај прекрасната прва борба, во втората беше приморан да го заврши натпреварувањето поради повреда по инсистирање на докторската екипа. Марио Крстески имаше извонредна прва рунда против поранешен евроспки шампион, но изгуби поради недоволно искуство, додека Софија Колушоска  беше совладана од тремата“, истакнува Лазаревски и нагласува:

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

„Како мала репрезентација, сепак сум презадоволен од настапот на нашите репрезентатвици. Ова е петто последователно Европско првенство на МТТФ од кое континуирано се враќаме со медал, што не прави една од поуспешните федерации. Затоа користиме прилика да се заблагодариме  на генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој е најзаслужен за сите наши успеси и за нашиот квалитет, АМС и Општина Охрид кои несебично го помагаат нашиот спорт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON