Дастин Поариеr во еден од најдобрите УФЦ дуели во 2020 го совлада Ден Хукер на УФЦ на ЕСПН 12 во Лас Вегас. Дел од коментаторите уште сега овој меч го сместуваат во најдобрите во историјата.
Пориер (18-5) е поранешен преоден шампион во лесна категорија, кој последен пат изеде ќотек од Хабиб Нурмагомедов во септември, додека Хукер (10-5) го сметаа за еден од најталентираните млади фајтери во оваа категорија и двајцата приредија 25-минутна крвава и интересна борба. На крајот судиите одлучија дека Пориер победил со 48:47, 48:47 и 48:46 за шеста победа во последните седум меча.
Двајцата започна фуриозно со удари со нозете и Хукер беше подобар поради повеќето упатени удари, пред втората рунда да биде една од најинтересните и најхаотичните во историјата на УФЦ, кога и двајцата не се штедеа и не мислеа многу на одбраната. Иако се сметаше дека Поарие заостанува по првите две рунди, тој почна да доминира, посебно во боречките зафати и очигледно имаше повеќе сила да го заврши мечот.
„Верував во мојот тим и мојата умешност. Мислам дека можев да одам уште неколку рунди ако тоа беше потребно“, вели Пориер.
https://www.instagram.com/p/CB9sI3tnVY3/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CB9qH1KHfw7/?utm_source=ig_embed