Дастин Пориер: Влегувам во кафезот за да го повредам Хабиб

Привремениот шампион Дастин Пориер нема трпение да влезе во кафезот со Хабиб Нурмагомедов и двајцата да ги обединат појасите во лесна категорија. Дастин успеа да го порази Макс Холовеј и да стане привремен шампион, што му гарантираше борба со Хабиб.

Во моментов, неспорниот првак е казнет и не може да се натпреварува, но тој веќе почна да се подготвува за неговото враќање во кафезот во септември во Абу Даби. Неодамна во едно интервју Хабиб рече дека ќе мора да го уништи Пориер, како што го правеше тоа со сите досегашни противници, но Дастин не се плаши и има намера да го стори истото и со Хабиб.

„Тоа е борба и ќе се обидам да го повредам во сите 25 минути. Ќе се обидам да го откажам од неговото тело. Тврди дека ме ударил, но тоа не значи ништо, затоа што токму затоа сме во кафезот. Внатре сум за да го повредам, а истото го очекувам и од него.

Тоа се борбите. Ние влегуваме во кафезот за да играме тенис. Веќе имам 40 средби во ММА и не ми е гајле. Ништо не ме загрижува. Знам што треба да направам и со колку време располагам. Имам 25 минутина располагање за да го демолирам и друго не ме интересира“.

https://www.instagram.com/p/Bwhoz_LB9ta/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON