Дастин Пориер: Оливеира и Чендлер треба да се борат за титулата

 Дастин Пориер нема проблем да не биде претендент за титулата во лесна категорија на УФЦ. Поранешниот привремен шампион во категоријата рече декаУФЦ треба да организира борба меѓу Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер, во која ќе се заложи ослободениот појас од Хабиб Нурмагомедов.

Пориер се наречеветски првак кратко по победата со ТКО над Конор Мек Грегор на УФЦ 257, но очигледно освојувањето на титулата во категоријата до 70 килограми не му е приоритет во моментов.

„Сакам некогаш да бидам светски шампион, но Чарлс скапо плати да стигне овде. Тој го заслужува местото и нема сомнеж во тоа. Нека се борат тој и Чендлер за титулата. Ако Чендлер прифати, јас само гледам од страна“, изјави Пориер за MMAjunkie.com.

„Дијамантот“ додаде дека не почнал преговори за неговиот следен меч и во моментов има намера едноставно да ја „гледа категиријата“.

Бразилецот Оливеира е во серија од осум последователни победи, а во неговиот последен меч го победи Тони Фергусон. Чендлер дебитираше во УФЦ со нокаут во првата рунда над Ден Хукер. Поранешниот шампион на Белатор е во серија од три последователни победи со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON