Дастин Поериер верува дека ќе може да се справи со Хабиб Нурмагомедов и е подготвен да оди на непријателски терен во септември во Абу Даби, каде што секој ќе го поддржи неспорниот светски шампион. Пориер не е загрижен за тоа и е подготвен повторно да ги шокира сите, иако е потценет во овој меч.
„Треба врно да работам во целата моја борба во кафез и да станам подобар борец. Треба да ги најдам слабите точки на Хабиб со добра борба во кафезот. Јас можам и ќе се исправам кога ќе ме собори. Благодарение на мојата џиу џица ќе си создадам простор. Имам црн појас и тренирам 14 години. Ќе го натерам да ја почитува мојата борба во партер и ќе создадам опасности, а потоа ќе се исправам.
Тоа ќе биде добра борба, но ќе го натерам да направи грешки и ќе видам што ќе се случи. Нема потреба од тоа да се измори, за да го победам. Меѓутоа, ќе победам, бидејќи ова е приказната на мојот живот. Ќе му биде многу тешко за него, ако се измори на средбата со мене. Можам да бидам опасен на почетокот на средбата, како и на крајот“.