Дастин Пориер на социјалните мрежи сподели фотографија дека веќе ја напуштил болницата.
Двократниот предизвикувач за титулата во лесна категорија на УФЦ се зарази со стафилокока и беше хоспитализиран на 5-ти декември. Отпрвин неговото тело не реагираше на лековите, но подоцна работите се вратија во нормала.
Дастин сега е надвор од болница, но некое време ќе биде на патерици.
„Од болницата парво на училишна игра, за да го видам моето мало ангелче!“, напиша Пориер.
Да се надеваме дека најлошото е зад Пориер. Дастин последен пат се бореше во ноември и го победи Мајкл Чендлер со завршница. Пориер се врати на победничките патеки и заработи бонус бидејќи борбата беше избрана за борба на вечерта.
View this post on Instagram