Привремениот шампион Дастин Поиер е подготвен да ги обедини титулите, затоа што планира во септемврида го порази Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 241 во Абу Даби.
Се очекува нивната борба да биде главна на настанот, а за тоа не е слајно одберен главниот град на Обединетите Арапски Емирати, бидејќи во моментов Нурмагомедов таму е голема ѕвезда. Пориер му беше гостин во емисијата на Ариел Хелвани и одлучи да разговара за претстојниот меч.
„Немам проблем со тоа што борбата се одржува во Абу Даби. Имам 25 минути да дејствувам таму, а тоа што тој е љубимец на фановите е без значење. Тој треба да знае дека сум опасен противник. Се уште не сум почнал да гледам видеа со неговите борби, за да го проучам.
„Ќе вежбам 10 недели за оваа средба и сè уште имам време да направам се што ми треба. Не гледам очигледни или големи слабости во неговата борба, но секој може да биде поразен. Ќе му направам слаби точки на Хабиб, кои дури и не постојат. Нема совршени луѓе“.
.