Привремениот шампион во лесна категорија Дастин Порир верува дека ќе може да го направи она што 27 други не успеале да го направат. „Дијамантот“ ќе се сретне со неприкосновениот и непоразениот шампион Хабиб Нурмагомедов во главната борба на УФЦ 242 на 7 септември во Абу Даби. Пориер е во серија од пет последователни победи и е 100 отсто убеден дека ќе му го нанесе првиот пораз во ММА на Хабиб и ќе го земе појасот.
„Искрено, тоа е тежок тренинг камп. Секој ден се борам со момци кои ме држат на мрежата и се обидуваа да ме соборат. Секој ден тренираме за издржливост и сила. Дефинитивно, ова е еден поинаков камп. Овој камп ќе трае10 недели, кога ќе го завршам.
Секој камп е тежок, но во овој имаше само борба, борба и пак борба. Правам 6 рунди граплинг. Хабиб може да има останатите 364 дена од годината. Јас сакам само 25 минути на 7 септември, а тој може да има сè друго. Морам да бидам подобар од него за 25 минути и сум 100 проценти сигурен дека можам да го сторам тоа“.