Дарко Стошиќ со брутален нокаут уште еднаш го победи Михал Кита

Српскиот ММА борец Дарко Стошиќ на настанот КСВ 74 во Остров Вилкополски уште еднаш беше подобар од Михал Кита.

Стошиќ во средината на минатата година го совлада Полјакот со прекинво првата рунда, а сега тоа го повтори со уште еден нокаут, но во втората рунда.

Кита беше нешто поактивна на почетокот на борбата, а со боксерски комбинации се обиде да му се закани на Дарко, кој успешно се бранеше и ја чекаше својата прилика. Полјакот го подигна темпото и добро го погоди противникот.

На почетокот на втората рунда Кита погоди преден удар, а Стошиќ се обиде да возврати со контра.

Полскиот борец во средината на рундата се обиде да изведе соборување со двојна нога, но Дарко лесно се одбрани.

Тогаш Стошиќ тргна агресивно и со серија удари го затресе Полјакот. Потоа следеше брутален нокаут.

Српскиот тешкаш го собори Кита со лево кроше и ја заврши работата со неколку удари.

Англичанецот Фил Де Фрис седми пат по ред го одбрани шампионскиот појас во тешка категорија на КСВ. Де Фрис со завршница го совлада Бразилецот Рикардо Прасел во последната минута од првата рунда.

Во конасловната борба англискиот борец Том Бриз со гилотина во втората рунда триумфираше над Демијан Јаниковски.

Резултати од настанот КСВ 74:
Фил Де Фрис – Рикардо Прасел – завршница (давење од пзоади), Р1 (4:11)
Том Бриз – Демијан Јаниковски – завршница (гушење со гилотина), Р2 (1:55)
Дарко Стошиќ – ПОлска Михал Кита – КО (удар), Р2 (2:54)
Томаш Романовски – Сезари Кесик – КО (удар), Р1 (3:54)
Верлесон Мартинс – Павел Политило – едногласна одлука
Емил Вебер Кротка – Качпер Козиоржебски – ТКО (лакти), Р2 (2:01)
Софија Багишвили – Анита Бекус – завршница (скарфхолд армлок) Р2 (1:47)
Војчех Казиецко – Едуард Деменко – едногласна одлука на судиите
Борис Џиковски – Аркадиуш Мрук – КО (удар со глава и удари), Р1 (0:40).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON