Дарко Стошиќ ќе дебитира во КСВ против Влодарек

Дарко Стошиќ беше отпуштен од УФЦ во февруари, откако по ред загуби три средби. Српскиот ММА борец пристигна во КСВ, но сè уште нема ниту една борба.

Тој треба да дебитира за полската промоција на настанот КСВ 58 на 30 јануари против Михал Влодарек.

Последната борба Стошиќ ја имаше во УФЦ на 25 јануари, кога загуби од Американецот Џамахал Хил со едногласна одлука на судиите. Тој се врати во Европа и ќе се настапува во тешка категорија.

Полјакот Михал Влодарек има осум победи и два порази. Последната борба ја имаше на 7 декември минатата година на настанот КСВ 52, кога го победи Хрватот Срѓан Маровиќ со технички нокаут за само 34 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON