Дарко Стошиќ (13-1, 1-0 УФЦ) на 23 февруари во Прага требаше да ја одработи втората борба за УФЦ.
Но, 26-годишниот Србин мораше да ја откаже борбата со опасниот Русин Магомед Анкалаев (9-1, 1-1 УФЦ).
„Жал ми е што морам да го напишам ова, но мораше еднаш и тоа се случи, таква е работата. На еден од тренинзите го скинав грданиот мускул (pectoralis major). Едноставно се случи. Се беше супер, сè беше во ред и само се случи во еден момент. Се обидов да го санирам тоа на секој можен начин. Поминав 10 лекари, но никој не може да направи ништо посебно. Од првиот ден тргнав на терапија два пати на ден, но повредата бавно заздравува и единствениот начин да се рехабилитирам е да мирувам и да се молам нормално да заздравува или операција. Мускулот полн со крв. Иако ми извадија четири полни инекции пак се полни. Долго размилсував да се борам и во оваа состојба. Бев сигурен дека сепак можам. Но, само кога видов колку ми се собира крв и со дотичната рака не може да ударам ни 50 отсто, а да не зборувам за спаринг, едноставно нема смисла да излегувам да се борам кога не можам да дадам сто проценти од себе. Се може да се види на фотографиите. Така што борбата против Анкалаев за сега отпаѓа. Жал ми е за тоа, но сигурно ќе има уште прилики таа борба да ја одработиме“, објави Стошиќ на Фејсбук.