По успешното деби минатиот јули, Дарко Стошиќ (13-1) доби противник за втората борба во УФЦ.
27-годишниот српски полутешкаш на 1 јуни во Стокхолм ќе се бори против Девин Кларк (9-3, 3-3 УФЦ).
30-годишниот Американец требаше да се бори минатиот викенд во Санкт Петербург против Иван Штирков, но по мерењето Рускинот заврши во болница и борбата беше откажана.
Во последниот меч во декември Кларк го загуби со нокаут во првата рунда од сонародникот на Стошиќ Александар Ракиќ.
На настанот во Стокхолм ќе настапат уште двајца борци од регионот, Александар Ракиќ ќе се бори против Џими Манува, а Дамир Хаџовиќ против Американецоот Кристос Џигос (16-7, 1-1 УФЦ).
Во главното борба на вечерта Александар Густафсон се среќава Ентони Смит, а Илир Латифи со Волкан Оездемир.
Стошиќ во дебито за УФЦ го нокаутира во првата рунда Џереми Кимбал. Требаше на 23 феруари да се бори во Прага со Русинот Магомед Анкалаев, но откажа поради повредата на грбните мускули.