Дарко Лукач од клубот Игор ММА од Битола на Меѓународниот турнир „Књажевац опен интернешнал“ во бразилско џиу џицу го освои третото место во категоријата до 64 килограми-бел појас. Треба да се нагласи дека на Лукач ова му прв спортски натпревар.
На турнирот учествувале натпреварувачи од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Српска и Македонија.Имало квалитетни борби, бидејќи поголем дел од натпреварувачите се подготвуваат за европското првенство.