„Чест ми е што денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт го примивме едно од најталентираните момчиња во борење, Бесир Алили, кој го освои 2-то место и се закити со сребрен медал на Европско првенство за кадети во борење што се одржа во периодот од 14 до 20 мај во Скопје, Македонија“, рече на денешниот прием директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски.
Тој му посака огромен успех во кариерата што следи понатаму и се надевам дека ќе се покаже во најдобро светло и на Светското првенство за кадети следниот месец во Загреб, Хрватска.
Освојувачот на сребрениот медал на Европското првенство во Скопје Бесир Алили, на прием кај директорот на АМС беше во придружба на неговиот селектор Седат Бафтија, претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и потпретседателот Дејан Богданов.
Ipon.mk