Дарко Димитриев е спортист на годината на Кавадарци

За спортист на годината на Кавадарци е избран Дарко Димитриев, член на Центарот за боречки вештини Будо, а ова признание го доби и пред две години. За најдобар тренер е избрана Марија Димитриовска, која работи во боречкиот клуб кој доби уште неколку признанија.

Инаку манифестацијата за избор на најдобри спортисти во Кавадарци се одржа завчера во Домот на Културата „Иван Мaзов Климе” во Кавадарци.

Признание доби и ракометарот Страхиња Симиќ. За најдобар млад ракометар е избран Раде Василевски, а за најдобар спортски работник беше избран Ратко Мицев, исто така од ГРК Тиквеш, кој ја доби наградата за најдобар колектив.

Благодарници за достигнувања добија и Мики Лазов – пласман на Европско првенство М18 – кадетска ракометна репрезентација на Македонија. Славчо Шулески – учество на Светско првенство во Хрватска М18 – младинска ракометна репрезентација на Македонија.

Фото: Центар за боречки вештини Будо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON