Дарко Чатлески на Собранието на ЕБУ: Ќе организираме 2-3 профи бокс мечеви во Македонија (ФОТО)

Дарко Чатлески вчера во Белград учествуваше во работата на Генералното собрание на Европската боксерска унија (ЕБУ) за професионален бокс во организација на Српската професионална боксерска федерација на чело со генералниот секретар Лука Поповиќ.

Секретарот Чатлески ја предводеше македонската комисија на Про бокс Македонија (ПБМ) која е полноправен член на ЕБУ од 2013 година.

На ова Собрание е реизбран досегашниот претседател Боб Лоџист од Белгија, а во Управниот одбор се избрани тројца нови директори и тоа: Јенсен – Данска, Шекутиев – Русија и Пуонс – Монако.

„Разговарав со многу значајни личности од ЕБУ. Претседателот и дел од одборот се задоволни од досегашната работа на ПБМ во Македонија. Ги известивме дека планираме да организираме 2 – 3 инернационални професионални бокс мечеви во Македонија до крајот на оваа година, при што добивме целосна поддршка од страната на ЕБУ“, изјави за Ipon.mk, Дарко Чатлески.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON