Дарко Чатлески учествуваваше на Генералното собрание на најголемата и најреномирана организација во Европа за професионален бокс – Европската боксерка унија (ЕБУ) на 1 јуни во Шибеник, Хрватска, во организација на „ПБСФ“ под водство на Хари Горијан.
На овој настан учествуваа околу 40 земји од Европа. Нашата земја ја претставуваше Про бокс Македонија, членка во ЕБУ од 2013 година, а делегат беше Дарко Чатлески.
„На ова Генерално собрание најважни точки во агендата беа проблемите со допингот на боксерите и суспензијата на боксерите кои доживеале технички нокаут или класичен нокаут. Одлучено е по ТКО или КО на секој професионален боксер да му се даде суспензија до 28 дена, во зависност на тежината на нокаутот, заради заштита на боксерите. Со едногласна одлука на сите членки на ЕБУ е одлучено да се поддржи аматерскиот бокс од страна на EBU, WBC, IBF, WBA, WBO. Оваа поддршка ќе биде испратена до Меѓународниот олимписки комитет за настап на аматерскиот бокс на Олимписките игри во Токио 2020 година“, изјави Чатлески.
За најдобар ЕБУ меч е прогласена борбата меѓу Франческо Патера и Левин Ристон. Шампион на годината е Керман Лејарага, а промотер на годината е Улф Стеинфорд СЕС боксинг.
Фамилијата на ЕБУ им даде можност за членство на следнте држави: Албанија, Молдавија, Турција и Словенија. Следното ЕБУ генерално собрение во 2020 година ќе се одржи во Ла Коруња – Шпанија.
Ipon.mk