Дарко Чателски учествуваше во работата на Генералното собрание на ЕБУ (ФОТО)

На 4 јуни 2022 година во Рига, Латвија, се одржа Генералното годишно собрание на Европската боксерска унија (ЕБУ) за професионален бокс. На собранието учествуваше македонската асоциација Про Бокс Македонија со делегатот Дарко Чатлески.

На ова Собрание се одржа редовен избор на претседател и членови на управен одбор.

За нов претседател е избран Петер Стуцки од Швајцарија.

Агендата имаше 14 точки, а најголем акцент се стави на заштита на здравјето на боксерите. Постојните мерки за прегледите на боксерите да се почитуваат и да не се прават отстапки. Еден од најважните прегледи на професионалните боксери е МРИ на глава.

„Разговаравме со новиот претседател Петер Стуцки, притоа истакна дека е задоволен од работата на Про Бокс Македонија. Договоривме во блиска иднина претседателот Стуцки и дел од одборот на ЕБУ да бидат гости во нашата земја“,  изјави Чатлески.

Следното Генерално собрание 2023 година ќе се одржи во Малта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON