Дарин Омерагиќ од КК Јошитака го постигна досега својот најголем успех, освојувајќи го бронзениот медал во категоријата на натпреварувачи со 10-11 години -38кг. Во неговата категорија настапија 31 натпреварувач од кои повеќето беа со врвна подготовка за вака квалитетен натпревар! Дарин со три победи и една изгубена борба во 4-то коло, го освои бронзениот медал на Европксото шотокан првенство во Истанбул!
Од 23-25 октомври Истанбул -Турција, во организација на Светската шотокан федерација, се одржа 7-то Европско шотокан првенство и Светскиот куп во шотокан карате! На првенството учество земаа повеке од 30-тина земји со нешто повеќе од 2300 натпреварувачи во кати и борби, индивидуално и екипно. Борбите на ова шотокан првенство се одржуваа по ВКФ правила и по правилата на Светската шотокан федерација до еден ИПОН!
„Нашите натпреварувачи настапија во ВКФ натпреварите. Едвин Омерагиќ во доста изедначена борба во првото коло изгуби и не можеше да продолжи со натпреварите“, истакна тренерот на ШКК Јошитака и претседател на СШФ за Македонија, шихан Живко Тасевски и додаде: „Се надевам дека на следните натпревари со ваков и повисок рејтинг ќе дадат уште повеќе и ќе се искачат на самиот врв на пиедесталот. Им честитам на спортистите за прикажаното и ни останува да продолжиме со напорната работа во сала, за да го покажеме нашиот вистински квалитет не само на шотокан натпреварите, туку и на ВКФ.
ipon.mk/В.Д.