Бобан Данов е поразен со прекин во четвртфиналната борба на Светското првенство во самбо во дисциплината компбат самбо над 100 кг од Камерунецот Џанту Максвел.
Борбата заврши 0-7 за противникот за 54 секунди. Се покажа дека на нашиот репрезентативец слаба страна му се ножните техники со кои го доби Максвел. Така, ништо од желбата да се освои бронзениот медал.
Камерунецот во полуфиналето ќе се бори со Русинот Валентин Молдавски кој со 4-2 го совлада Узбекистанецот Хакимјон Исмоилов.
Утре Омар Факиќ има шанса да се избори за бронзен медал во кадетска конкуренција со Бугаринот Стојан Стојанов.
+ 87 кг Омар Факиќ – Стојан Стојанов (Бугарија)
Борбата на Данов е на 1:10:30:
Ipon.mk