Данов и Митров први во Приштина

sp danov

Борачите на Балканец од Штип, Бобан Данов и Дејан Митров,  на меѓународниот турнир во Приштина ги освоија првите места во своите категории. На тунирот, покрај македонските борачи, учествуваа борачи од Косово, Албанија, Бугарија, БиХ и од Кипар.

Иако настапи во една категорија повисоко до 70 кг, Дејан Митров без проблеми го освои златниот медал. Исто така и Бобан Данов немаше конкуренција во својата категорија до 120 килограми и заслужено дојде до првото место. Покрај штипјаните Митров и Данов, златен медал освои и Рајф Камбери, д0 57 килограми. Успех постигна и младиот Никола Димитриев, кој во категоријата до 76 килограми го освои бронзениот медал, како и Јасин Реџалари до 61 килограм. Дејан Митров беше прогласен за најдобар техничар на турнирот.

Борачите на Балканец го потврдија својот квалитет.

 

boraci vo pristina

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON