АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Данил Николиски утре на Светското првенство во џиу џицу ќе ги одмери силите со Казахстанец

Данил Николиски во првото коло Светското првенство во џиу џицу се среќава со Биржан Кабидула од Казахстан.

Николиски ќе настапи во У-21 во категоријата до 56 килограми, а неговите настапи се утре.

Ако го помине Кабидула, во второто коло го чека Напхат Матупан од Тајланд кој е подобро рангиран.

На СП за У-16, У-18 и У-21 ќе настапат 1399 натпреварувачи со 1865 натпреварувачки влезови од 52 држави.

Ќе потсетиме дека сениорката Катерина Ацевска освои бронза, што е прв медал за Македонија во оваа сениорска конкуренција. Ацевска се борепе во категоријата над 70 килограми.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON