Данил Николиски прв се појави на татамито во Џенова, утре настапуваат Ацевска и Грпов

Данил Николиски настапи прв од нашите репрезентативци на Меѓународниот џиу џицу турнир „Џенова опен“ во Џенова, Италија, иако прикажа добри борби претрпе три минимални порази.

Сепак, ова е големо искуство за него за нови предизвици.

Утре се борат искусните Катерина Ацевска и Станислав Грпов, при што може да очекуваме и борби за медал.

Резултатите од овој турнир се за пласман на светската ранг-листа.

На турнирот настапуваат 461 учесник со 508 натпреварувачи влезови од 22 држави.

Резултати „Џенова опен“:

У-21 -56 кг борби
Данил Николиски – Дамијано Минаси (Италија) 10-12
Данил Николиски – Виктор Периен Тобијасен (Данска) 7-8
Данил Николиски – Франческо Линименто (Италија) 9-10

+70 кг борби
Катерина Ацевска – Бјанка Фајхтлбауер (Австрија)
Катерина Ацевска – Алисија Јохансон (Шведска)
Катерина Ацевска – Федерика Маза (Италија)

-62 кг џиу џицу (не ваза)
Станислав Грпов – Хулио-Анхел Муњоз Круз (Шпанија)
Станислав Грпов – Антонино ди Грација (Италија)
Станислав Грпов – Амит Мајер Бурштајн (Израел)
Станислав Грпов – Витали Полиевои (Украина)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON