Даниел Стефановски светски шампион на ИСКА во К-1 (ФОТО/ВИДЕО)

Даниел Стефановски на исклучително моќен начин ја освои светска титула во К-1 на ИСКА, која е втора во неговата кариера по онаа од минатата година кога стана светски шампион во Суперкомбат.

Стефановски како тајфун го однесе Софијан Алилуше од Франција, однонсо го нокаутира за неколку секунди во првата рунда. Борбата се одржа на Фајт најт настанот во Цирих – Швајцарија, во категоријата до 81,5 килограми по К-1 правилата.

„Даниел Стефановски дефинитивно еден од моите омилени борци и личности во боречките спортови. Дојде до уште една престижна титула и уште еднаш го потврди неговиот квалитет. И повеќе од горд сум што сум дел од неговиот тим“, напиша на ФБ еден од неговиоте тренери, Миша Ронин

https://www.facebook.com/davidzlatkov/videos/2345402992177390/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО