Утре Даниел Стефановски го чека уште едно искушение на рингот во Цирих-Швајцарија, каде што на настанот „Рејди фор вор“ се среќава со светскио првак на ВКУ, Ефе Сипаи.
„Со исклучителна нетрпеливост и возбуда од спортско-компетитивен карактер го очекувам претстојниов меч“, вели младиот Стефановски.
Имајќи во предвид дека во мечот влегува со победа во претходниот меч, и тоа со нокаут, кумановецот Стефановски е претпазлив во врска со крајниот исход и со тактичкиот пристап на средбата.
„Во однос на крајниот исход и резултат не би калкулирал однапред. Немам специјални експектации и формулирани очекувања или, пак, дефинирана стратегија, со оглед на фактот дека се работи за непредвидлив спорт“, истакнува Даниел.
Сепак, тој потенцира дека темелно го има анализирано спортскиот опонент со кого ќе се соочиво рингот.
„Се работи за солиден спортист и натпреварувач, првенец на германско ниво. Но, истовремено, сум свесен за своите компетенции и способности, како и секој натпреварувач. Детерминиран сум и тенденциозен кон победа. Сепак, самиот меч ќе ја рефлектира посукцесивната и поефективната тактика на финишот и текот на истиот“, категоричен е Стефанмовски.
Даниел Стефановски (82,5 кг) кон крајот на мај стана шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау. Стефановски има 20 години и до сега одработил 29 борби – 26 победи (15 со КО), 2 порази и 1 нерешена во К-1 и талјандски бокс и е европски првак во К-1.
Ipon.mk/В.Д.