Даниел Стфеновски тежи 78,5 килограми за вечерашната борба за третата светска титула во различна организација во К-1.
Стефановски ќе се бори за светската титула на ВКУ во К-1 до 79 килограми против Јану да Круз на настанот Гладијаторс најтс во Цирих, Швајцарија.
Даниел стана светски првак во Суперкомбат минатата година и на ИСКА оваа година.
„Се помина супер на мерењето бев 78,5 кг. Се е подготвено за мојата трета светска титула“, изјави Стефановски пред вечерашната борба во пет рунди која е на распоредот околу 23 часот.
Да потсетиме дека во 2017 година Стефановски го нокаутира истиот противник во првата рунда во Мадрид, под закрила на Суперкомбат.
„Мислам дека овој пат многу сум поподготвен, ама и сега ќе гледам борбата да ја завршам во првата рунда“, рече Даниел за Ипон.мк пред две недели и нешто повеќе.
Ipon.mk