Даниел Стефановски против непоразен Русин на Татнефт купот

Светскиот првак во К-1 на Суепркомбат, Даниел Стефановски, на 31 мај ќе настапи на Татнефт купот во Русија, најголемата организација за К-1, и ќе се бори против Шер Мамазулунов.

„Мамазулунов е најголемиот таленат во Русија кој е без пораз и речиси секоја борба ја добил со нокаут. Ќе биде јака борба. Подготовките се супер и се чувствувам подготвен за овој испит. Тоа е тоа, ако сакаш да бидеш најдобар, мораш и да се бориш против најдобрите во светот. Со Господ напред одиме на друга победа“, изјави Даниел Стефановски за Ipon.mk.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО