Завчера објавивме дека Даниел Стефановски на 5 август ќе настапи на Кунлун фајт во Кина, односно на Кунлун 75 во Сања на островот Хаинан против домашниот борец Ванг Венжонг во категоријата до 88 килограми. Сепак,Стефановски на 5 август нема да настапи на Кунлун фајт.
„На 5 август нема да настапам на Кунлун фајт, како што стојат работите, дури во септември. Проблемот настана кога противникот од Кина ми ја откажа борбата која требаше да биде до 80 килограми. Сега добив информације дека имам друг противник, но во 88 кг, а тоа не оди така. Тоа е преголема килажа за мене, поради што мојот менаџер се договори за Кунлун 56, кој најверојтано ќе се одржи во септември и ќе се борам до 80 кг“, изјави Стефановски за Ipon.mk.
Ipon.mk