Македонскиот воин Даниел Стефановски ќе ја освојува Кина.
Откако викендов штопомина Стефановски во Цирих славеше со нокаут во првата рунда против Лоренцо Доминикини, тов веќе си постави нов и поголем предизвик – да ја освои Кина. На 4 ноември во организацијата Фејт фајт, која е една од најголемите во Кина, ќе се бори против Чен Јавеи.
„Тоj е силен и огромен борец, висок е 196 см и има повеќе од 80 професионални борби. За мене, овој меч е голем успех, бидејќи во Кина ќе ме гледаат меѓу 40-50.000 луѓе. А познато дека Кинезите вложуваат многу пари во спортот“, вели Стефановски за Ipon.mk, при што се забалагодарува на сите за поддршката.