Македонскиот воин – Даниел Стефановски ја одбрани светската титула на ВКУ во К-1 на настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро.
Стефановски славеше со одлука на судиите 3-0.
„Јак меч! Противникот добар! Многу сум среќен што се вратив во рингот! Појасот е одбранен!“, изјави Стефановски за Ипон.мк и нагласи:
„Благодарам на сите на поддршката“!