На 20 октомври ќе се случи големото македонско дерби во К-1 меѓу нашите најдобри борци Даниел Стефановски и Бени Османоски на настанот „Подговете се за војна“ (Рејди фор вор“ во Шлирен кај Цирих, Швајцарија.
Денеска оваа информација ја соопшти менаџерот Мирко Кун.
Инаку Даниел Стефановски речиси една година инсистира на оваа пресметка, но Бени Османоски сметаше дека не време тие двјацатада се борат.
По повод македонското дерби и за неговите очекувања од толку поскуваната борба Сетфановски во првичната изјава за Ipon.mk вели:
„Одлично! За мене секоја борба е иста и битна, без разлика на тоа кој е и што е противникот. Јас ќе гледам да ја завршам борбата во првата рунда. И, максимално ќе се подготвувам за оваа борба“.
Како неизбежно се поставува прашањето зошто средба баш со Бени Османоски и што очекува од неа.
„За мене тоа е спорт! И нека остане спорт! Овој меч го бара публиката, за да видиме кој е број 1 во Швајцарија и секако во Македонија“.
Ipon.mk