Даниел Родригез отпадна за борбата со Нил Магни

Даниел Родригез се надеваше дека брзо ќе се врати во кафезот, но тоа нема да се случи.

35-годишната ѕвезда од Калифорнија требаше да се бори со Нил Магни на УФЦ Фајт најт 212 на 15 октомври во Лас Вегас. За жал, Даниел има инфекција во лактот, поради што се повлече од борбата.

Родригез последен пат се бореше на 10 септември на УФЦ 279 во Лас Вегас. Тој го победи Ли Џинглијан со поделена одлука, иако не направи доволно за да победи. Се очекува УФЦ да најде нов противник за Магни.

Еве како изгледа борбената картичка за 15 октомври:

Вивиен Араухо – Алекса Грасо
Џонатан Мартинез – Каб Свансон
Аскар Аскаров – Брендон Ројвал
Душко Тодоровиќ – Џордан Рајт
Нил Магни – ???
Миша Циркунов – Алонзо Менифилд
Брендон Дејвис – Мана Мартинез
Џејкоб Малкун – Ник Максимов
Рафаел Асункао – Виктор Хенри
Сем Хјуз – Пјера Родригез
Тацуро Таира – Си Џеј Вергара
Мајк Џексон – Пит Родригез

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON