Даниел Кормиер верува дека Нгану може да го победи Џошуа

Минатиот октомври Френсис Нгану ги воодушеви љубителите на боксот со својот настап против Тајсон Фјури.

Поранешниот шампион на УФЦ, без разлика на поразот, остави одличен впечаток, а особено за паметење ќе остане третата рунда кога го собори Кралот на Ромите.

Непоразениот Фјури потоа заврши со нокдаун, но се врати и беше многу повнимателен во остатокот од мечот, а на крајот победи со поделена одлука.

Нгану побара реванш по мечот, но Фјури има други обврски, шампионот на ВБЦ на 17 февруари ќе се бори со Александар Усик за обединување на шампионските појаси во тешка категорија.

Но, на Камерунецот му беше понудена борба против Ентони Џошуа, што тој неволно ја прифати. Нгану и Еј Џеј ќе боксираат на 8 март на настан кој повторно би можел да има интересна програма.

Многумина се вклучени во анализата и прогнозата за мечот меѓу Џошуа и Нгану, па така тоа го направи и Даниел Кормиер, кој верува дека Камерунскиот борец може да го изненади А.Ј.

„Дали Френсис може да го повтори она што го направи на последниот меч или дури да го надмине тој учинок? Тајсон Фјури се бореше против Френсис Нгану во своето деби во боксот. Нгану беше како аматер на тој меч, но сега доби искуство“, изјави Даниел Кормиер и додаде:

„Успеа да го испрати шампионот во нокдаун во многу изедначен меч. Многумина веруваат дека тој требаше да победи. Но, тој сигурно ќе биде уште подобар во вториот меч“.

Повеќето експерти сметаат дека Британецот го потцени Нгану, па можеше да го извлече подебелиот крај во тој меч. Џошуа сега знае од каде доаѓа најголемата опасност и сигурно ќе биде многу повнимателен од својот сонародник.

„По таков меч против Фјури, не може да се каже дека нема шанси за победа. И тоа во борба против противник кој одби да се соочи со Тајсон Фјури. Знаеме како Усик го победи. Џошуа е големо, силно момче и по поразот од Руиз, тој секогаш одеше на сигурно. Како ќе се чувствува Џошуа кога Френсис Нгану ќе дојде пред него? Голем и страшен борец кој ќе се обиде да му ја скине главата од рамениците. И ќе биде уште подобар од првиот професионален настап“, истакна Даниел Кормиер и подвлече:

„Ако Нгану сака да го победи Џошуа, мора да направи нешто слично како што направи против Фјури и треба да биде уште поагресивен. Навистина верувам дека може да победи. Ако Френсис го преземе истиот пристап како и во последниот натпревар и оди на удари, може да го натера Џошуа да се бори на начин што ќе ги ограничи сите вештини што ги научил во текот на неговата кариера. Френсис има шанса да го победи тој меч“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON