Даниел Кормиер тврдеше дека ќе се повлече на 40-годишна возраст, но борбата со Брок Леснар го натера да се откаже од таа идеја.
ДК требаше да се пензионира во март оваа година, но одлучи да го чека Леснар, кој се откажа од дуелот и од УФЦ му дадоа реванш шанса на Стипе Миочиќ, кој ќе има шанса да ја врати титулата во тешка категорија против Кормиер во главната борба на УФЦ 241. Даниел смета дека веќе е дојдено времето да се повлече и според него битката со Миочиќ може да му е последна, иако изрази желба за средба со Џон Џонс.
„Секогаш сум велел дека ќе се повлечам на 40-годишна возраст, нешто што требаше да се случи пред неколку месеци, во март. Не успеав да го направам тоа, но ако треба да си стојам на зборот, тогаш претпоставувам дека тоа ќе е мојата последна битка.
Мислам дека Миочиќ ќе биде многу лут во оваа борба. Тоа ќе биде малку емотивно. Верувам дека ќе видиме подобра верзија од него. Не мислам дека ќе ги направи истите грешки и очекувам поинаква борба“, вели Кормиер.