Конор Мек Грегор планира да се врати на боречките терени во втората половина на годината, откако целосно ќе се опорави од повредата што ја заработи минатиот јули против Дастин Пориер.
Имено, големата ѕвезда на УФЦ на крајот на првата рунда ја скрши ногата и беше јасно дека Ирецот ќе има подолга пауза.
Неколку борци го прозваа Ноториус, а меѓу нив и најдобриот борец во лесна категорија Чарлс Оливеира, кому УФЦ му го одзеде појасот затоа што тежеше 300 грама повеќе од дозволената тежина, па и Мајкл Чендлер.
Поранешниот шампион, а сега коментатор на УФЦ, Даниел Кормиер, верува дека следниот противник на Конор треба да биде Нејт Дијаз.
„Би издвоил двајца борци и мислам дека Конор би можел да се бори со еден од нив. Тоа дефинитивно треба да биде Нејт Дијаз, бидејќи треба да ја завршат трилогијата. Никој од нив не е предизвикувач за титулата. Но, тоа би било забавна борба“, изјави Даниел Кормиер, додавајќи дека Мек Грегор најверојатно ќе се одлучи за Мајкл Чендлер:
„Имаше само четири борби во УФЦ и најдобриот нокаут со „преден удар“ во историјата. Го нокаутира и Дан Хукер, а се бореше и со Џастин Гејџи, и тој е некако посебен. Секој пат по кавга кажува нешто интересно. Последен пат рече дека сака меч против Мек Грегор“.