Минатиот викенд дагестанскиот борец Ислам Махачев по вторпат го одбрани појасот на шампионот на УФЦ во лесна категорија, откако во реваншот повторно го совлада Александар Волкановски.
Махачев, за разлика од мечот во февруари кога со едногласна одлука на судиите го совлада Австралиецот со македонско потекло, сега беше многу поубедлив, а победи со нокаут во првата рунда.
И поранешниот двократен шампион на УФЦ и денес коментатор Даниел Кормиер смета дека следен противник на Дагестанецот треба да биде Конор Мек Грегор.
„Махачев треба да се бори против Мек Грегор, бидејќи тоа е најголемата борба што УФЦ може да ја приреди“, истакна Даниел Кормиер и додаде:
– Сака да доминира и да оди на ниво на суперѕвезда. На Ислам му треба некој што ќе го подигне, а тоа е токму Конор. Дастин Пориер и Хабиб Нурмагомедов стекнаа популарност со победата над Мек Грегор. За Махачев таа борба има смисла“.
По долга пауза поради скршеница на ногата Мек Грегор наскоро би можел да се врати во октагонот на мечот против Мајкл Чендлер.
Кормиер се осврна и на повредата на Џонс, по која мораше да ја откаже борбата против Стипе Миочиќ. Нивната борба на 11 ноември требаше да го предводи настанот УФЦ 295 во Њујорк.
„Такви работи се случуваат. Ризикувате повреда на секој тренинг. Но, сега има проблем бидејќи многу се радувавме на мечот меѓу Џонс и Миочиќ. Кога тренираш даваш 110 проценти и така секој ден до една недела пред борбата. Не успорувате додека не сте во октагонот. Џон не направи ништо лошо“, рече Даниел Кормиер и подвлече:
„А што се однесува до повредата, колку што видов, таа се случи за време на нормален боречки натпревар. Илјада пати сум бил во таква ситуација. Никогаш не сум видел некој да скрши пекторалис во прилично едноставна ситуација во борење. Мислам дека тоа може да биде пред се поради поинаков пристап, бидејќи телото не е подготвено за таков тип на оптоварување“.