Даниел Кормиер е поранешен двоен шампион во тешка и полутешка категорија на УФЦ. Тој е борец кој често е предизвикуван за борба, бидејќи е меѓу најдобрите во историјата и победата над него е огромно достигнување. Во неговата кариера, само едно лице успеа да го победи – Џон Џонс.
Пред извесно време друг двоен шампион во лицето на Рајан Бадерr изрази желба да ги одмери силите со ДК, откако го освои турнирот во тешка категорија на Белаторr, а во исто време ја држеше и титулата во полутешка категорија. Рајан посака двете организации да направат заеднички настан кој ќе го предводат тој и Кормиер, како меч двојните шампиони, но тоа никогаш не се случи. Сепак, Кормиер не верува дека Бадер ќе може да се справи со него, ако се борат.
„Мислам дека Рајан направи одлични работи. Го познавам од колеџ. Отсекогаш бил посветен на неговото семејство и напорно работел. Мислам дека е одличен и успеа да го постигне во Белатор она што немаше шанса да го направи во УФЦ. Тешко беше да гледаш како успеа да го нокаутира Федор на таков начин. Но, Бадер нема да може да се справи со мене. Ми се допаѓа ова момче, но со мене е различно.
Впрочем, јас сум валкано и старо момче. Ова го научив од Џош Барнет. Влегуваш во кафезот и удираш со лактите и тупаниците во твоето лице. Јас сум старата школа, каков што е и Џош Барнет. Треба да си куче, за да успееш да го победиш Даниел Кормиер. Јас сум од старата школа и не го гледам тоа куче во Рајан Бадер“.