Даниел Кормиер: Џон Џонс не треба да биде број 1 во светот, туку Александар Волкановски

Џон Џонс се врати по тригодишно отсуство за да го победи Сирил Гане за титулата во тешка категорија на УФЦ 285 на 4 март во Лас Вегас.

По победата Џонс се врати на првото место на ранг-листата, без разлика на категоријата. Поранешниот шампион во две дивизии Даниел Кормиер не се согласува со фактот дека Џонс е број 1. Не е изненадување што „ДиСи“ не го препознава Џонс, кој го победи 2 пати во минатото.

„Коски“ беше кошмар за Кормиер, а нивното ривалство е едно од најголемите во историјата на УФЦ. Даниел смета дека Александар Волкановски треба да биде рангиран како број 1 во светот и покрај поразот од Ислам Махачев во борбата за појаост во лесна категорија.

„Мислам дека е тешко да се нарече Џонс најдобар на сите времиња, особено со стероидите и другите ситуации. Но, мислам дека може да бара статус на најголем бидејќи освои појаси во две дивизии.

Лично не верувам дека треба да биде број 1 на рангирањето без разлика на тежинската категорија. Мислам дека Александар Волкановски треба да остане на врвот.

Мислам дека Џонс не треба да биде борец број 1 во светот. Но, немам проблем со тоа ако луѓето гласаа така“, рече Кормиер за ДЦ & РЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON