Поранешниот двократен шампион Даниел Коримиер трпеливо ја чекаше борбата против Брок Леснар вредна неколку милиони долари, но таа никогаш не се случи. ДК го чекаше цела година, па дури и го одложи повлекувањето од ММА што го планираше за март оваа година. Конечно, Леснар се откажа, бидејќи не се договориј со УФЦ за парите, а Кормиер беше принуден на реванш меч со Стипе Миочиќ, кој, очигледно, ќе биде негова последна битка во ММА. ДК е разочаран од Леснар, но признава дека ја направил вистинската работа.
„Бев разочаран. Сакав да се борам против Брок, затоа што долго време го познавам. Долго време се натпреварувавме во борење и бев негов фан. Го имавме тој забавен момент на УФЦ 226 и би било забавно правењето на таа борба. Нема како да ги контролирам некои работи, бидејќи тој одлучи дека повеќе не сака да се бори и тоа е надвор од мојот контрола. Тоа е готово.
Знам дека УФЦ и Леснар се обиделе да ја направат оваа борба, но тоа не функционирало. Ги почитувам сите што се обидуваа да ја напрват борбата, но не го добија посакуваниот резултат. Искрено, не знам што се случи за да пропадне битката. Мислам дека ВВЕ му понуди многу добар договор и секогаш се грижеше за него. Тој ќе заработи многу повеќе пари таму отколку да се бори со мене. Јас ќе се обидам да му го исклоцам задникот и, мислам, дека постапи паметно и правилно“.
ДК се враќа во кaфезот на УФЦ 241 и ќе ја брани титулата против Стипе Миочиќ.