Поранешниот двоен шампион во УФЦ, Даниел Кормиер, е категоричен дека ќе се повлече од ММА, откако ќе ја направи третата борба со Стипе Миочиќ.
Пред неколку дена тој наполни 41 година и не планира да остане уште долго време во активниот спорт, како што тоа го прават некои негови колеги. Кормиер беше во серија од седум последователни победи во кои ги освои титулите во полутешка категорија и тешка категорија. Тој го нокаутира Миочиќ во првата рунда во 2018 година и не сакаше да му даде реванш, ја одбрани титулата со победа над Дерик Луис.
По нешто повеќе од една година подоцна Кормиер и Миочиќ пак ги одмерија силите по втор пат во Калифорнија. Даниел водеше со поени и ќе победеше, но на крајот од 4-тата рунда Миочиќ го нокаутира и си ја врати титулата. Шампионот во моментов се опоравува од повреда на окото, што ја заработи на мечот.
„Ми остана уште една средба. Луѓето ме прашуваат дали ќе продолжам да се борам, но веќе им реков дека нема да го правам тоа. Им кажав дека имам уште една, последна, борба. Имам многу борци кои имаат 27-28 години. Израел Адесања е многу млад, како и другите борци. Не треба да се борам со млади луѓе. Миочиќ ќе наполни 38 години и ќе ја направам една од последните борби со возрасен борец. Последен пат и тоа е се. Нема да се борам со млади момчиња од 27 години. Нашата трета битка ќе биде убава“, рече Кормиер.