Даниел Филипов за прв пат по две години откако настапува во Германија ја почуствува горчината на поразот во борење слободен стил во Оберс лигата.
Филипов загуби на поени од Александар Вотајчино.
„Имав желба да ги задржам ланските резултати, но, за жал, лани бев без пораз, а сега го доживеав првиот. Ќе дадам се од себе да остане само на тој пораз. Наредната недела ќе настапувам во категоријата до 130 килограми и се.надевам брзо ќе се рехабилитирам“, вели Даниел Филипов.
Ipon.mk/В.Д.