Нашите борачи во Германија како да се натпреваруваат кој побрзо ќе го тушира противникот, по Кристијан Воденски (16 секунди), Далибор Богданов (24 секунди) и Даниел Филипов-Смок својот противник го тушираше за 48 секунди.
Сепак, Филипов се бореше во најтешката категорија до 130 килограми, што претставува релативно брз туш. Неговиот клуб АСВ Боден се бореше против ВФК Зифштад во Обергрупен лигата, кој е еден од најпознатите градови по борењето во Германија.
„Противник ми беше Рамазан Акуин, а ми беа потребни само 48 секунди да го совладам противникот со туш“, ни реше поранешниот борач на Спартак од Кочани, Даниел Филипов, кој паралелно се натпреварува и во џудо.
Ова е втора победа на Филипов над Акуин, претходно го победи и во грчко-римски стил.
Ipon.mk/В.Д.