Поранешниот шампион во полувелтер и велтер категорија Дани Гарсија (36-2, 21 КО) во Њујорк го боксираше првиот меч по 9 месеци.
31-годишниот Американец без поголеми проблеми го порази Украинецот Иван Редкач (23-5-1, 18 КО) со едногласна одлука на судиите – 118-110, 117-111, 117-111.
Борбата мина без ниту едно борење, а Гарсија која беше голем фаворит на овој меч, изјави дека за време на паузата премногу се здебелил и не бил во најдобро издание.
„Нема да ве лажам. Се чувствував добро, но не и најдобро. Изгубив многу на тежина за оваа борба, така што можеби и тоа беше фактор. Имав долга пауза и изгубив 11 килограми за 8 недели. Си ветив на себе дека ќе останам во теретана и ќе останам во форма“, рече “Свифт“ кој по борбата ги предизвика шампионите во велтер Ерол Спенс и Мани Пакијао.
Редкач најголемата победа во кариерата ја оствари во претходната борба минатиот јуни, кога го нокаутира поранешниот светски шампион во две тежински категории Девон Александар. Првиот пораз во кариерата му го нанесе Дејан Златичанин кој во 2015 година го нокаутираше во четвртата рунда.