Дана Вајт знаел за инцидентот на Конор уште во април

Шефот на УФЦ Дана Вајт знаел за друг инцидент со Конор Мек Грегор уште во април. Пред неколку дена, веб-сајтот на ТМЗ објави скандалозно видео во бар, на кое е прикажано како најпопуларниот ММА борец на планетата удира еден постар човек кој седи во еден бар.

„Не знам каков е контекстот на приказната, но тоа беше спор за виски, за што и го удира дедото во лице“, рече Вајт.

Се очекува Мек Грегор да се бркне подлабоко во џебот ако жртвата го тужи. Дедото одби да го испие вискито на Конор, кога борецот решил да го почести целиот бар со пијачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON