Дана Вајт жртва на секс скандал

Претседателот на УФЦ борбите, Дана Вајт, е жртва на секс скандал кој се случил пред пет години. Агент за недвижности по име Ернесто Рамос, го уценувал Вајт на 200.000 долари и дека ако не ги добие парите ќе објавел видео со експлицитна содржина која го снимала девојката на Рамос откако имала однос со првиот човек на УФЦ.

Рамос поради овие уцени веќе одлежал затворска казна од една година, а сега го тужи Вајт за 10 милиони долари поради што не добил сума од 450.000 долари, наводно договорена со цел видеото да остане во тајност.

„Штотоку слушав за оваа глупост. Тој човек пред неколку години влезе во затвор откако се обиде да ме уценува. Сега ангажира адвокат кој исто така е преварант и се обидуваат да изнудат 10 милиони долари од мене. Првиот пат не доби ниту цент, а и сега нема да добие ништо. Едвај чекам да се појавам на суд и еднаш засекогаш да се ослободам од овие ѓубриња“, изјави Вајт.

Девојката со која наводно Вајт снимал секс видео работела како егзотична танчерка во клуб во Бразил, и неколку пати се сретнал со неа за време на УФЦ настани кои се одржувале во споменатата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON