Дана Вајт вложи многу напор и нерви во организирањето на УФЦ 249 за 18 април и беше многу блиску, но во исто време и далеку. Сè беше подготвено за вечерта, но челните луѓе на ЕСПН решија да го откажат. Значи, нема да има ММА настани следниот месец, но во меѓувреме Дана и УФЦ ќе работат напорно за да се вратат во игра.
Вајт е подготвен да има битки на приватниот остров што го изнајмиле. Претседателот на УФЦ вели дека во моментов ги градат објектите и за еден месец сè ќе биде готово. Тој планира да собере борци на островот каде што ќе тренираат и да чекаат за настапи.
„Им велам на сите мои момчиња да не се грижат затоа што борбите на островот ќе се случат. Целокупната инфраструктура во моментот се гради и се воведува во употреба. Кога ќе се приближиме до тоа, тогаш ќе почнам со осмислување на борби, да ги подготвувам момците. Можам да ги испратам порано момците и можат да почнат со тренинзи на островот.
Ќе го имаме сето тоа и момчињата можат да почнат со тренинзи и ќе може да отидат таму. Сигурен сум дека луѓето ќе бидат подготвени да ги излегуваат од домовите по еден месец и да отидат некаде на остров и да тренираат. Сè ќе се случи. Би можел да одам следната недела. Се гледаме за еден месец.
Секој што присуствува на овој настан или е дел од него, ќе има поголема сигурност отколку да останат дома. Ќе имаат пристап до најдобрата медицинска нега, најдобрите лекари, најдобриот третман што може да го добиете. Побезбедно е да се биде на овој настан со мене отколку да сте дома или да одите во самопослуга. Ви го ветувам тоа“, рече Вајт.
https://www.instagram.com/p/B-ua29vpFB_/?utm_source=ig_embed
Dana White's Fight Island 2.0, by @Bosslogic 🏝 pic.twitter.com/DVl36UbtNo
— UFC on TNT Sports (@ufcontnt) April 10, 2020